ЕДЕН ЗАГИНАТ ВО НЕСРЕЌА НА ЖИЧНИЦА КАЈ АНТАЛИЈА, НАД 170 ЛУЃЕ ОСТАНАА ЗАГЛАВЕНИ ВО КАБИНИТЕ

    ЕДЕН ЗАГИНАТ ВО НЕСРЕЌА НА ЖИЧНИЦА КАЈ АНТАЛИЈА, НАД 170 ЛУЃЕ ОСТАНАА ЗАГЛАВЕНИ ВО КАБИНИТЕНесреќата се случи кога една кабина удрила во скршен столб (Фото: Икс)

    Едно лице загина, а десет се повредени во јужна Турција откако кабина од жичница удри во скршен столб и се отвори, по што патници испаднаа од неа. Поради несреќата, која се случи вчера околу 17 часот по локално време, повеќе од 170 луѓе останаа заглавени откако целата жичница беше сопрена, изјави градоначалникот на Анталија, Мухитин Бочек.

    Според последните информации, десетици луѓе и натаму не се извлечени од кабините, но никој од нив нема повреди и не е во лоша здравствена состојба.

    Во спасувачката акција се користат јажиња, седум хеликоптери со опрема за ноќно гледање, воен транспортен авион и над 100 возила.

    Во акцијата учествуваат над 500 спасувачи“, објави министерството за внатрешни работи.

    Жичницата, која била пуштена во промет во 2017, располага со 36 кабини кои можат да примат по шест патници и оттаму се отвора панорамски поглед на Анталија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира