ЕДЕН ЗАГИНАТ ВО НОВ НАПАД НА ХУТИТЕ ВРЗ АЕРОДРОМОТ ВО РИЈАД

    ЕДЕН ЗАГИНАТ ВО НОВ НАПАД НА ХУТИТЕ ВРЗ АЕРОДРОМОТ ВО РИЈАДХутите велат дека ја напаѓаат Саудиска Арабија поради нејзината поддршка за владините сили во граѓанската војна во Јемен (Фото: АНИ)

    Едно лице загина, а 11 се повредени во нов напад врз меѓународниот аеродром во Ријад. Портпарол на саудиската војска изјави дека проектил го погодил меѓународниот аеродром „Крал Калид“, предизвикувајќи пожар во една од патничките сали.

    Саудиската управа за цивилно воздухопловство наведе дека во нападот загинал државјанин на Пакистан.

    Ова се случи ден по нападот врз истиот аеродром, кога загинаа 13 лица, а 308 беа повредени.

    Јеменските хути ја презедоа одговорноста за досегашните вакви напади и ги предупредија авиокомпаниите и патниците да не ги користат аеродромите и воздушниот простор на Саудиска Арабија. Групата соопшти дека во изминатите 24 часа го нападнала аеродромот со балистички и крстосувачки ракети и со дронови.

    Воениот портпаролот на хутите, генералот Јахја Сари, изјави дека ќе продолжат со „операциите на ескалација длабоко во внатрешноста на Саудиска Арабија“, предупредувајќи дека сите саудиски аеродроми се потенцијални цели, со исклучок на оние во светите градови Мека и Медина.

    Хутите велат дека ја напаѓаат Саудиска Арабија поради нејзината поддршка за владините сили во граѓанската војна во Јемен.

    Доналд Трамп изјави дека САД ќе донесат одлука и ќе дејствуваат многу брзо во врска со тоа дали ќе се придружат на саудиските наапади врз хутите, додека британскиот министер за одбрана Вес Стритинг навести дека Велика Британија би можела евентуално да обезбеди поголема поддршка за Саудиска Арабија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира