ЕДИ РАМА ГО ИСМЕВАШЕ ТРАМП ЗА НЕГОВИТЕ ИЗЈАВИ ДЕКА ЈА РЕШИЛ ВОЈНАТА ПОМЕЃУ АЗЕРБЕЈЏАН И АЛБАНИЈА

    ЕДИ РАМА ГО ИСМЕВАШЕ ТРАМП ЗА НЕГОВИТЕ ИЗЈАВИ ДЕКА ЈА РЕШИЛ ВОЈНАТА ПОМЕЃУ АЗЕРБЕЈЏАН И АЛБАНИЈАРама беше снимен како се шегува со Емануел Макрон и Илхам Алиев (Фото: Гети)

    Европските лидери се шегуваа на сметка на Доналд Трамп на самитот на Европската политичка заедница во Копенхаген откако тој ги измеша Ерменија и Албанија во неколку ситуации. Зборувајќи колку војни решил откако се врати во Белата куќа, Трамп неодамна го спомна и конфликтот помеѓу Азербејџан и Албанија.

    Албанскиот премиер Еди Рама беше снимен како се шегува за ова со францускиот претседател Емануел Макрон и азербејџанскиот лидер Илхам Алиев.

    Мора да се извините зашто не сте ни честитале за мировниот договор што Доналд Трамп го склучи помеѓу Азербејџан и Албанија“, му кажа Рама на Макрон, додека Алиев гласно се смее.

    Ви се извинувам“, одговори Макрон.

    Трамп често ги меша Ерменија и Албанија кога зборува за решавањето на долгогодишниот конфликт помеѓу Азербејџан и Ерменија.

    Сум решил многу нерешливи војни. Азербејџан и Албанија, тоа траеше со години. Двајцата лидери беа во мојата канцеларија“, кажа Трамп на „Фокс њуз“ минатиот месец.

    Ваков лапсус имаше и на неговата средба со британскиот премиер Кир Стармер, кога кажа дека го решил спорот помеѓу Албанија и Абербејџан, погрешно изговарајќи го името на државата.

    Трамп навистина посредуваше во склучувањето на мировниот договор помеѓу Азербејџан и Ерменија, при што двете држави се обврзаа да стават крај на конфликтот и да ги прошират односите со САД.  Трамп се фалеше и дека ги решил војните Србија-Косово и Египет-Етиопија, иако тие не ни војуваа во скоро време.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира