ЕДНА БРЗА ПАРТИЈА ГОЛФ, ПА ОДАМ ДА ГАСАМ ПОЖАРИ НИЗ СВЕТОТ, КАЖА ТРАМП НА КРАЈОТ НА ПРИВАТНАТА ПОСЕТА НА ШКОТСКА

    ЕДНА БРЗА ПАРТИЈА ГОЛФ, ПА ОДАМ ДА ГАСАМ ПОЖАРИ НИЗ СВЕТОТ, КАЖА ТРАМП НА КРАЈОТ НА ПРИВАТНАТА ПОСЕТА НА ШКОТСКАТрамп поседува неколку терени за голф во Шкотска (Фото: АП)

    Доналд Трамп отвори свој нов голф терен во Шкотска на крајот на четиридневната посета, за време на која се сретна со британскиот премиер Кир Стармер и објави трговски договор со ЕУ со царини од 15%.

    Ја сакаме Шкотска“, им кажа Трамп на присутните во Абердиншир и додаде дека неговата мајка ја посетувала родната Шкотска секоја година откако емигрирала во Њујорк на 18-годишна возраст.

    Американскиот претседател потоа кажа дека ќе одигра една брза партија голф, а потоа ќе се врати во Вашингтон „за да ги гаси пожарите низ целиот свет“.

    Досега запревме околу пет војни. Тоа е многу поважно од играње голф“, рече Трамп.

    На средбата со Стармер вчера, Трамп му упати нов ултиматум на Владимир Путин да прифати прекин на огнот со Украина во рок од 10-12 дена, на што досега немаше реакција од Кремљ.

    Трамп поседува неколку терени за голф во Шкотска и по доаѓањето им откри на новинарите дека актерот Шон Конери имал клучна улога во тоа.

    „Шон Конери ми помогна да ги добијам дозволите. Да не беше тој, не би ги имале овие убави терени за голф“, кажа Трамп.

    Посетата на Трамп беше опишана како приватно патување и, невообичаено за вакви настани, ја комбинираше политиката со бизнисот и неговата љубов кон голфот. Тој многупати има кажано дека неговата покојна мајка е најзаслужна за одлуката да инвестира во неговите шкотски одморалишта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира