ЕДНА ОД НАЈБОГАТИТЕ РУСИНКИ ЗАГИНА ВО АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ГЕРМАНИЈА

    ЕДНА ОД НАЈБОГАТИТЕ РУСИНКИ ЗАГИНА ВО АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ГЕРМАНИЈАБогатството на Филева, косопственичка на авиокомпанијата „С7 груп“, е проценето на 600 милиони долари (Фото: АП)

    Една од најбогатите жени во Русија Наталија Филева загина во авионска несреќа во Германија.

    Педесет и петгодишната Филева, косопственичка на авиокомпанијата „С7 груп“, била еден од двата патника во малиот авион „епик ЛТ“, што се урна и изгоре додека се приближувал кон малиот аеродром во Егелсбах, десет километри јужно од Франкфурт. Во несреќата загинале и пилотот и уште еден руски државјанин, чиј идентитет допрва ќе се утврдува.

    (Фото: АП)

    Магазинот „Форбс“ го проценува богатството на Филева на 600 милиони долари.

    Со база на аеродромот „Домодедово“ во Москва, „С7“ лета кон 150 дестинации во 35 земји. Како претседател на компанијата е наведен сопругот на Филева.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира