ЕКСПЛОЗИИ НАД ТЕЛ АВИВ ОТКАКО ИРАН ЛАНСИРАШЕ СТОТИЦИ ПРОЕКТИЛИ КОН ИЗРАЕЛ

    ЕКСПЛОЗИИ НАД ТЕЛ АВИВ ОТКАКО ИРАН ЛАНСИРАШЕ СТОТИЦИ ПРОЕКТИЛИ КОН ИЗРАЕЛИранските државни медиуми објавија дека започнал иранскиот одговор на денешните израелски напади (Фото: АП)

    Сирени за воздушна тревога вечерва се огласија во Израел откако израелската војска објави дека Иран почнал голем ракетен напад. Иранските државни медиуми објавија дека започнал иранскиот одговор на денешните израелски напади, при што се лансирани стотици балистички проектили.

    Ирански проектили се видени на ноќното небо над Ерусалим, а експлозии се слушаат над Тел Авив, додека израелскиот противвоздушен систем „Железна купола“ се обидува да ги пресретне.

    Иранската револуционерна гарда (ИРГ) соопшти дека вечерва извршила напади врз десетици цели во Израел.

    Нашата одмазда штотуку започна, тие ќе платат висока цена за убиството на нашите команданти, научници и луѓе. Никаде во Израел нема да биде безбедно, нашата одмазда ќе биде болна“, кажа ИРГ, нарекувајќи ја операцијата „Вистинско ветување 3“.

    Израел попладнево лансираше нова серија напади врз Иран, повеќе од 12 часа откако ја започна операцијата „Исправен лав“, кога биле погодени десетици нуклеарни и воени мети. Во вториот бран биле нападнати уште две ирански нуклеарни постројки.

    Иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хаменеи изјави дека Израел започнал војна, но нема да му се дозволи да изведува напади без тешки последици.

    Иран ќе се одмазди. Ќе му нанесеме тешки удари на Израел. Нашата војска е подготвена за противнапад“, кажа тој во обраќањето до нацијата.

    Израел кажа дека денешните напади се само почеток на продолжена операција која треба да го спречи Иран да произведе атомско оружје, при што се повикани десетици илјади војници како дел од подготовките за одбрана и напад.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира