ЕКСПЛОЗИИ ВО КИЕВ ОТКАКО РУСИЈА ЛАНСИРАШЕ НОВ РАКЕТЕН НАПАД НА УКРАИНА

    ЕКСПЛОЗИИ ВО КИЕВ ОТКАКО РУСИЈА ЛАНСИРАШЕ НОВ РАКЕТЕН НАПАД НА УКРАИНАРуските ракети ноќеска уништија породилиште во јужниот град Вилњанск, при што загина едно новороденче (Фото: АП)

    Нови експлозии се регистрирани во Киев откако сирени за воздушна тревога се огласија во речиси цела Украина. Советникот на претседателот Зеленски, Михајло Подољак, изјави дека Русија извела нов масивен напад на инфраструктурните објекти.

    Потврдено е дека во Киев има најмалку еден загинат. Градоначалникот Витали Кличко кажа дека е погоден клучен инфраструктурен објект, без да изнесе детали, а експлозии имало и во други делови од земјата. Украинските медиуми јавуваат за напади во Миколаив, Днепар, Лвов и Полтава.

    Градоначалникот на Лвов, Андриј Садови, изјави дека целиот град е без струја.

    Главен одговор на Москва на воените неуспеси во изминатите недели беше ракетирањето на енергетската инфраструктура на Украина, при што Зеленски кажа дека се онеспособени половина од капацитетите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира