ЕКСПЛОЗИЈА КАЈ АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ОСЛО, НЕМА ПОВРЕДЕНИ

    ЕКСПЛОЗИЈА КАЈ АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ОСЛО, НЕМА ПОВРЕДЕНИОд полицијата кажаа дека експлозијата се случила на јавниот влез во објектот (Фото: НТБ)

    Американската амбасада во Осло ја погоди експлозија во раните утрински часови, потврди норвешката полиција.

    Полицијата е во контакт со амбасадата и не се пријавени повреди. Моментално немаме информации што точно се случило и кој би можел да биде вмешан“, соопшти полицијата.

    Во инцидентот што се случил околу еден часот била предизвикана мала штета, објавија медиумите. Од амбасадата досега не се огласија за инцидентот.

    Од полицијата кажаа дека експлозијата се случила на јавниот влез во објектот, кој се наоѓа седум километри од центарот на градот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира