ЕКВАДОР МУ ГО СКИНА ИНТЕРНЕТОТ НА АСАНЖ

a:1:{s:9:"td_source";s:22:"Еквадор,(АП)

    ЕКВАДОР МУ ГО СКИНА ИНТЕРНЕТОТ НА АСАНЖ

    Владата на Еквадор објави дека привремено му го скратила пристапот до Интернет на основачот на Викиликс Џулијан Асанж кој е во азил во нивната амбасадата во Лондон, откако Викиликс објави штетни е-пораки од претседателската кампања на Хилари Клинтон.

    Министерството за надворешни работи на Еквадор изјави дека стои на одлуката од 2012 да му даде азил на Асанж поради легитимната загриженост дека тој се соочува со политички прогон, но исто така го почитува и суверенитетот на другите земји и не се меша или поддржува ниеден кандидат на избори во други земји.

    „Одлуката да ја објави оваа информација е исклучива одговорност на Викиликс“, соопшти министерството.

    Ова признание дојде по скоро 24 часа откако Викиликс твитна дека Еквадор му го скинал Интернетот на Асанж во саботата, по објавувањето на говорите на Клинтон за банката „Голдман Сакс“ од Волстрит.Вчера Викиликс тврдеше дека државниот секретар Џон Кери лично интервенирал кај Еквадор да го спречи Асанж да објавува документи за Клинтон.Стејт департментот и Еквадор ги демантираа овие тврдења.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира