Претседателот на Ел Салвадор Најиб Букеле вели дека неговата земја е виновна за смртта на таткото и ќерката кои се удавија во обид да влезат во САД. Според Букеле, неговата влада треба да ги реши проблемите кои што ги принудуваат луѓето да бегаат од државата.
Букеле, кој стапи на функцијата пред еден месец, вети дека ќе работи да го направи Ел Салвадор посигурно и подобро место. Телата на Салвадорецот Оскар Мартинес и неговата ќерка, кои се удавија на крајот на јуни, се вратени во дома за погреб.
Фотографијата од двајцата како лежат со лицата надолу во водата на реката Рио Гранде го шокираа светот и одново ја почнаа дебатата околу нелегалната имиграција и строгата политика на американскиот претседател Доналд Трамп.
Претседателот Букеле кажа дека таткото и ќерката бегале од Ел Салвадор, а не од САД.
„Луѓето не бегаат од нивните домови бидејќи сакаат, туку луѓето бегаат од нивните домови бидејќи чувствуваат дека мораат“, изјави Букеле.
„Зошто? Бидејќи немаат работа, бидејќи им се закануваат банди, бидејќи немаат основни работи како вода, образование, здравје. Можеме да обвинуваме други земји, но што е со нашата вина? Од која земја тие избегаа? Дали избегаа од САД? Тие избегаа од Ел Салвадор, тие избегаа од нашата земја. Ние сме виновни“, објасни Букеле.