Сè поголемата употреба на литиум-јонски батерии во производи за широка потрошувачка доведе до значително зголемување на пожари во објектите за третирање отпад во Франција. Овие батерии, кои што се користат во многу производи од електроника до играчки, се подложни на запалување ако не се отстрануваат соодветно. Кога ќе бидат згмечени во процесот на третирање отпад, батериите често прегреваат и се запалуваат, предизвикувајќи значителна штета на објектите.
Бројот на пожари поврзан со литиумските батерии се удвои изминативе години во Франција. Тоа резултираше со зголемени трошоци за компании, вклучувајќи инвестиции во заштитна опрема, обуки и осигурување. ЕУ во моментов прави ревизија на регулативата за третирање отпад и има повици за построги мерки за да се адресира проблемот со литиумските батерии.
Потрошувачите играат клучна улога во превентива на овие пожари. Со соодветно фрлање во отпад на уредите со вакви батерии, како на пример отстранување на батериите пред да ги фрлат или да ги рециклираат, тие може значително да го намалат ризикот од пожар. Дополнително, потребни се подобра едукација и кампањи за подигнување на свесноста за да се информираат потрошувачите за опасностите од несоодветно фрлање на литиумските батерии.
Производителите, исто така, имаат одговорност. Со производство на производи со побезбедни батерии и обезбедување јасни инструкции за нивно фрлање кога веќе нема да бидат потребни, тие можат да помогнат да се намали ризикот од пожари.
Секојдневно во фабриката за третирање отпад во Сидед, југоисточна Франција, компанијата собира, сортира и третира околу 80 тони отпад. И секој ден, 266-те вработени мораат да пребаруваат во отпадот, барајќи електрични четки за заби, електронски цигари за еднократна употреба или расипани играчки за да спречат пожар.
„Да ми се јавевте пред 4-5 години, ќе ви кажев дека имаме пожари повремено. Но, сега ризикот од пожар го имаме секој ден“, вели Арве Куло, директор за заштита на животната средина во фабриката.
Проблемот се батериите, поточно литиум-јонските батерии. Како што напредува технологијата и батериите стануваат сè помали и поефикасни, тие почнаа да се користат во сè повеќе производи, од музички роденденски картички, до пелени кои пуштаат звуци кога се наводенети.