ЕНТОНИ ФАУЧИ ВО ИЗОЛАЦИЈА ПОРАДИ МОЖНА ИЗЛОЖЕНОСТ НА КОРОНАВИРУС

    ЕНТОНИ ФАУЧИ ВО ИЗОЛАЦИЈА ПОРАДИ МОЖНА ИЗЛОЖЕНОСТ НА КОРОНАВИРУСД-р Фаучи стана заштитно лице на борбата против КОВИД-19 во САД (Фото: Гети)

    Тројца членови на специјалниот тим на Белата куќа за борба против коронавирусот ќе бидат во изолација во наредните две недели поради можна изложеност на болеста.

    Меѓу нив е и д-р Ентони Фаучи, водечкиот американски експерт за заразни болести, кој стана заштитно лице на борбата против КОВИД-19 во САД. Неговиот тест на коронавирус бил негативен, исто како и на двајцата негови колеги.

    „Постојат многу мали шанси дека тој се заразил поради степенот на изложеност“, кажаа од Националниот институт за алергии и заразни болести.

    Седумдесет и деветгодишниот Фаучи во наредниот период ќе работи од дома и редовно ќе биде тестиран. Тој и двајцата негови соработници немале никакви симптоми на болеста.

    Претходно, двајца службеници во Белата куќа имаа позитивен тест на коронавирус, вклучувајќи ја и портпаролката на потпретседателот Мајк Пенс.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира