ЕПИДЕМИЈАТА НЕ Е ПОД КОНТРОЛА, ФРАНЦИЈА ОСТАНУВА ВО КАРАНТИН УШТЕ ЕДЕН МЕСЕЦ, ОБЈАВИ МАКРОН

    ЕПИДЕМИЈАТА НЕ Е ПОД КОНТРОЛА, ФРАНЦИЈА ОСТАНУВА ВО КАРАНТИН УШТЕ ЕДЕН МЕСЕЦ, ОБЈАВИ МАКРОНМакрон призна дека земјата не била доволно подготвена за пандемијата (Фото: Ројтерс)

    Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека земјата ќе остане во карантин поради коронавирусот уште еден месец. Во телевизиското обраќање до нацијата, Макрон кажа дека почитувањето на рестриктивните мерки е единствениот начин на кој може да се добие борбата против КОВИД-19.

    „Франција ќе почне да се враќа во нормален живот од 11 мај ако граѓаните бидат одговорни и ги почитуваат мерките, но и ако бројката нови случаи на зараза продолжи да паѓа. Колку повеќе ги почитуваме правилата, толку повеќе животи ќе спасиме. Има нова надеж, но во овој момент ништо не сме победиле. Епидемијата не е под контрола“, изјави Макрон.

    Франција е четврта земја по бројот на заразени – над 136.000, од кои досега починале речиси 15.000.

    Макрон призна дека земјата не била доволно подготвена за пандемијата.

    „Ова се тешки денови и разбирам ако сте уплашени. Од 11 мај постепено ќе се отвораат образовните институции, но рестораните, кафулињата и културните установи ќе останат затворени, а поголеми фестивали и настани можеби нема да бидат дозволени до средина на јули“, кажа Макрон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира