ЕРАТА НА ЛЕТОВИТЕ ОД 10 ЕВРА Е ГОТОВА, ВЕЛИ ШЕФОТ НА „РАЈАНЕР“

    ЕРАТА НА ЛЕТОВИТЕ ОД 10 ЕВРА Е ГОТОВА, ВЕЛИ ШЕФОТ НА „РАЈАНЕР“Од „Рајанер“ веруваат дека луѓето ќе продолжат да летаат често (Фото: Гети)

    „Рајанер“ веќе нема да нуди летови по најниските цени како резултат на поскапувањето на горивото, изјави извршниот шеф на ирската нискобуџетна авиокомпанија, Мајкл О‘Лири.

    „Ерата на летовите од 10 евра е завршена. Просечната цена на авионските карти ќе порасне од ланските 40 евра на околу 50 евра во следните пет години“, смета О‘Лири.

    Сепак, тој верува дека луѓето ќе продолжат да летаат често, и покрај растечките животни трошоци.

    „Луѓето ќе станат многу почувствители кога се цените во прашање, но место да намалат со летањето, ќе бараат поевтини опции“, вели О‘Лири.

    Авионските карти станаа поевтини во изминатите децении и се зголеми бројот на летовите, додека луѓето сè почесто се решаваат да одат на кратки патувања и одмори во странство. Авиокомпании како „Рајанер“, „Изиџет“ и „Визер“ притоа меѓусебно се натпреваруваа во понудата на евтини услуги.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира