ЕРДОГАН ГИ УАПСИ КУРДСКИТЕ ЛИДЕРИ, ЕКСПЛОЗИЈА ВО ДИЈАРБЕКИР

a:1:{s:9:"td_source";s:32:"Турција,(БИ-БИ-СИ)

    ЕРДОГАН ГИ УАПСИ КУРДСКИТЕ ЛИДЕРИ, ЕКСПЛОЗИЈА ВО ДИЈАРБЕКИР

    Двајцата колидери на турската поркурдска опозициска партија Народна демократија (ХДП) се уапсени заедно со уште најмалку деветмина пратеници. Селахатин Демирташ и Фиген Јуксекдаг се уапсени во нивните домови како дел од антитерористичка акција, изјавиле безбедносни извори за турските медиуми.

    Неколку часа по апсењето на Демирташ во Дијарбекир, во градот експлодираше автомобил бомба близу полициската станица и повреди 20-мина. Дијарбекир, на југоисток, е најголемиот курдски град во Турција. Јуксекдаг е уапсена во Анкара.

    Турција и натаму е во вонредна состојба по пропаднатиот пуч во јули. Оваа состојба му овозможува на претседателот Реџеп Тајип Ердоган да го заобиколи парламентот при носењето нови закони и да ги ограничи правата и слободите.

    Наредбата за апсење на курдските пратеници од ХДП е поради наводна пропаганда за курдските милитанти на ПКК, за која постои сомнеж дека стои зад бомбашкиот напад утринава и низа други напади.Партијата жестоко ги негира врските со групата. При апсењето, полицијата изврши и претрес на седиштето на партијата во центарот на Анкара.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира