ЕРДОГАН И МУЗЕЈОТ КАРИЈЕ ВО ИСТАНБУЛ ЌЕ ГО ПРЕТВОРИ ВО ЏАМИЈА

    ЕРДОГАН И МУЗЕЈОТ КАРИЈЕ ВО ИСТАНБУЛ ЌЕ ГО ПРЕТВОРИ ВО ЏАМИЈАМузејот бил изграден како православен манастир во петтиот век, а потоа бил и џамија

    Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган нареди уште еден популарен музеј во Истанбул да биде претворен во џамија.

    Трансформацијата на музејот Карије, кој во минатото бил православен манастир, следува еден месец откако на најпосетуваната туристичка атракција во Турција, Аја Софија, ѝ беше вратен статус на џамија со судска одлука.

    Познато како Хора, ова здание има слична историја како Аја Софија. Била изградена како христијански храм во петтиот век, а по падот на Цариград во 1453 година била претворена во џамија, за да стане музеј по Втората светска војна. Група американски историчари на уметност помогна да се обноват оригиналните црковни мозаици, кои беа отворени за јавност во 1958 година.

    Во ноември минатата година, Врховниот суд на Турција донесе одлука музејот повторно да стане муслимански верски објект.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира