ЕРДОГАН КАЖА ДЕКА ТУРЦИЈА БИ МОЖЕЛА ДА ВЛЕЗЕ ВО ИЗРАЕЛ

    ЕРДОГАН КАЖА ДЕКА ТУРЦИЈА БИ МОЖЕЛА ДА ВЛЕЗЕ ВО ИЗРАЕЛЕрдоган не прецизираше каква интервенција би била тоа (Фото: АП)

    Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција би можела да влезе во Израел како што чинеше во минатото во Либија и Нагорно-Карабах, но не прецизираше каква интервенција би била тоа. Ердоган е жесток критичар на израелската офанзива во Газа.

    Мора да бидеме многу силни за да не може Израел да им ги прави овие работи на Палестинците. Како што влеговме во Нагорно-Карабах, како што влеговме во Либија, би можеле слична работа да му направиме и на Израел. Нема причина зошто не би го направиле тоа“, кажа Ердоган на состанок на владејачката партија АК во градот Ризе.

    Од АК не ги коментираа дополнително изјавите на Ердоган, а не реагираше ни Израел.

    Во 2020, Турција испрати воен персонал во Либија за да ѝ даде поддршка на владата призната од Обединетите нации. Турција негираше директна вмешаност во азербејџанските воени операции во Нагорно-Карабах, но минатата година кажа дека ги користи сите средства, вклучувајќи воена обука, за да му помогне на својот сојузник.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира