ЕРДОГАН ПОЛОЖИ ЗАКЛЕТВА ЗА ТРЕТИОТ МАНДАТ, СЕ НАЈАВУВА ПРЕСВРТ ВО ЕКОНОМСКАТА ПОЛИТИКА НА ТУРЦИЈА

    ЕРДОГАН ПОЛОЖИ ЗАКЛЕТВА ЗА ТРЕТИОТ МАНДАТ, СЕ НАЈАВУВА ПРЕСВРТ ВО ЕКОНОМСКАТА ПОЛИТИКА НА ТУРЦИЈАЕрдоган освои нов мандат додека земјата се бори со економска криза (Фото: АП)

    Реџеп Таип Ердоган положи заклетва за третиот петгодишен претседателски мандат, со што го продолжува своето владеење и во третата деценија. Најдолговечниот турски лидер освои 52,2% гласови во вториот изборен круг на 28 мај, наспроти повеќето предизборни анкети. Тој освои нов мандат додека земјата се бори со економска криза и со последиците на февруарските катастрофални земјотреси.

    По положувањето на заклетвата во парламентот, ќе има и посебна церемонија во претседателската палата, на која ќе присуствуваат високи претставници на 78 држави и меѓународни организации, меѓу кои и шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, унгарскиот премиер Виктор Орбан и претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.

    Ердоган денеска ќе го именува и својот нов кабинет, при што се очекува промена во неговиот неортодоксен пристап кон економската политика. Во кабинетот треба да влезе и поранешниот министер за финансии Мемет Симсек, со што земјата би можела да отстапи од својата долгогодишна политика на ниски каматни стапки, и покрај високата инфлација и строгата државна контрола на пазарите.

    Шеесет и деветгодишниот Ердоган беше избран за премиер во 2003, а во 2014 го освои првиот претседателски мандат, за потоа на референдум да ги зајакне своите извршни овластувања.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира