ЕРДОГАН ПОПУШТИ, ЌЕ ГО ПОДДРЖИ ЧЛЕНСТВОТО НА ШВЕДСКА ВО НАТО

    ЕРДОГАН ПОПУШТИ, ЌЕ ГО ПОДДРЖИ ЧЛЕНСТВОТО НА ШВЕДСКА ВО НАТОЕрдоган денеска имаше разговори со Јенс Столтенберг и шведскиот премиер Улф Кристерсон (Фото: ЕПА)

    Реџеп Таип Ердоган се согласи да ја поддржи кандидатурата на Шведска за членство во НАТО, објави вечерва генералниот секретар на западната воена алијанса Јенс Столтенберг. На денешните разговори со Столтенберг и шведскиот премиер Улф Кристерсон, Ердоган рекол дека ќе се потруди апликацијата на Шведска да биде ратифицирана во турскиот парламент.

    Претходно денеска, Ердоган најави дека Турција ќе ја поддржи кандидатурата на Шведска ако на Анкара ѝ се понуди отворање на пристапните преговори со Европската Унија, кои се замрзнати со години. 

    Претседателот Ердоган се согласи протоколот за прием на Шведска да се најде пред пратениците во турскиот парламент што е можно поскоро и да работи тесно со парламентот за да се осигура негова ратификација“, изјави Столтенберг.

    Тој додаде дека ова е историски чекор, но нагласи дека засега нема јасен датум кога Шведска би можела да стане 32. членка на НАТО.

    Шведска и Финска аплицираа за членство во НАТО набргу по почетокот на руската инвазија на Украина, на што најмногу се спротивстави Турција, која тврдеше дека двете земји штитат терористи. И додека Ердоган попушти за Финска во април, ситуацијата со Шведска беше неизвесна до самиот почеток на самитот на НАТО во Вилнус.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира