ЕРДОГАН СЕ ПРИДРУЖИ НА ИЛЈАДНИЦИ ВЕРНИЦИ НА ПРВИТЕ МОЛИТВИ ВО АЈА СОФИЈА ПО 86 ГОДИНИ ПАУЗА

    ЕРДОГАН СЕ ПРИДРУЖИ НА ИЛЈАДНИЦИ ВЕРНИЦИ НА ПРВИТЕ МОЛИТВИ ВО АЈА СОФИЈА ПО 86 ГОДИНИ ПАУЗАЕрдоган и дел од неговите министри носеа заштитна маска (Фото: Ројтерс)

    Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска се придружи на илјадници муслимански верници на првите молитви во Аја Софија во Истанбул откако таа пред пред две недели повторно беше претворена во џамија со судска одлука. Ердоган и дел од неговите министри носеа заштитна маска кога клекнаа на свежо поставените тиркизни килими на почетокот на верската служба, која продолжи да се одржува во древниот објект по 86 години пауза.

    „Денеска ставаме крај на 86 години копнеж. Благодарение на нашиот претседател, од денеска повторно ќе ги имаме нашите петочни молитви во Аја Софија“, изјави еден од многуте верници кои претходно се собраа околу историскиот објект.

    Верниците почнаа да се собираат околу Аја Софија неколку часа пред почетокот на службата (Фото: АП)

    Аја Софија има големо историско-културно значење и за христијаните и за муслиманите, а со декрет на Мустафа Кемал Ататурк, во 1934 година доби статус на музеј и во меѓувреме стана најпосетуваната туристичка атракција во Турција.

    Гувернерот на Истанбул Али Јерликаја ги повика оние кои ќе присуствуваат на петочните молитви „да донесат заштитна маска, килим за молење, трпение и разбирање“, бидејќи на сила се мерките против ширењето на коронавирусот. Во еден момент, во објектот ќе може да има околу 1.000 верници. Христијанските фрески и мозаици ќе бидат прекриени додека траат муслиманските молитви.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира