Единаесет планинари се пронајдени мртви близу кратерот на вулканот Марапи во Индонезија, кој еруптираше викендов. Три лица се спасени, а потрагата по уште 12 планинари е прекината поради друга помала ерупција.
Во моментот на ерупцијата имало 75 планинари во оваа област, но повеќето биле безбедно евакуирани. Марапи, еден од 127 активни вулкани во Индонезија, вчера исфрлал пепел и до три километри во височина.
Властите прогласија втор највисок степен на тревога и им забранија на жителите да се доближуваат на три километри до кратерот.
„Тројцата спасени планинари беа слаби и имаа изгореници“, изјави Абдул Малик, шефот на агенцијата за спасување на провинцијата Паданг, додавајќи дека претходно биле евакуирани 49 планинари.
Малик додаде дека би било преопасно да се продолжи со спасувањето додека вулканот еруптира. Од вчера биле забележани 45 ерупции.