ЕСТОНИЈА ЌЕ БИДЕ ПРВАТА ДРЖАВА ВО КОЈА ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА НА ИЗБОРИ ПРЕКУ СМАРТФОНИ

    ЕСТОНИЈА ЌЕ БИДЕ ПРВАТА ДРЖАВА ВО КОЈА ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА НА ИЗБОРИ ПРЕКУ СМАРТФОНИОнлајн гласањето е возможно во Естонија од 2005, во што оваа балтичка земја е пионер (Фото: Гети)

    Граѓаните на Естонија во иднина ќе можат да гласаат на избори од нивните мобилни уреди, како смартфони и таблети, откако тамошниот парламент усвои закон за стандардизација на овој процес. Ова нема да биде можно на претстојните избори за Европскиот парламент зашто законот ќе стапи на сила во октомври.

    Онлајн гласањето е возможно во Естонија од 2005, во што оваа балтичка земја е пионер, но тоа досега беше регулатива контролирана од Национален изборен комитет и Државната изборна комисија. Со новите амандмани на изборниот закон, регулативата ќе стане закон откако врховниот суд направи анализа на проблемите со кои досега се соочи електронското гласање.

    На парламентарните избори во март 2023, повеќе од половина избирачи гласале по дигитален пат. Со новиот закон, Естонија ќе стане првата земја на светот во која ќе може да се гласа и преку смартфон.

    Новата регулатива ја зема предвид промената на потрошувачкото однесување на граѓаните. Значаен дел од секојдневните дигитални активности на луѓето се префрли од компјутери на паметни уреди, а ‘е-Естонија‘ мора да биде достапна за секого на овие нови и широко распространети платформи“, рече министерот за економија и информатички технологии Тит Русало.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира