ЕУ СО ДИСЦИПЛИНСКИ МЕРКИ ЗА ПОЛСКА ЗА СУДСКИ ЗАКОНИ КОИ СЕ ЗАКАНА ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

    ЕУ СО ДИСЦИПЛИНСКИ МЕРКИ ЗА ПОЛСКА ЗА СУДСКИ ЗАКОНИ КОИ СЕ ЗАКАНА ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТОЗа полскиот претседател Анджеј Дуда, реформите се неопходни за да се унапреди судскиот систем во земјата (Фото: Ројтерс)

    Европската Унија воведе досега невидени дисциплински мерки против Полска, изјавувајќи дека нејзините судски реформи се закана за владеењето на правото во земјата.

    Според ЕУ, донесените 13 нови закони во последните две години ѝ овозможуваат на владата значително мешање во судството. На Полска ѝ беше даден рок од три месеци да го смени однесувањето.

    Игнорирајќи ги пораките од Брисел, полскиот претседател Анджеј Дуда потпиша два нови закони, со кои се реформираат Уставниот суд и Националниот судски совет.

    „Ова ќе ја зајакне демократијата во Полска, ќе го унапреди судскиот систем и ќе ја врати довербата на граѓаните во судството“, кажа Дуда.

    Конзервативната влада на Полска ја нарече одлуката на ЕУ политичка, додавајќи дека реформите се неопходни за да се искоренат неефикасноста и корупцијата.

    Европската комисија две години ја набљудуваше ситуацијата во Полска, пред да ѝ изрече дисциплински мерки. Членките на ЕУ одделно ќе треба да се изјаснат дали Полска ги крши стандардите на Унијата, по што таа би можела да го загуби правото на глас на европските самити.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира