ЕУ ФРЛИЛА ВАКЦИНИ ПРОТИВ КОВИД-19 ВРЕДНИ ЧЕТИРИ МИЛИЈАРДИ ЕВРА

    ЕУ ФРЛИЛА ВАКЦИНИ ПРОТИВ КОВИД-19 ВРЕДНИ ЧЕТИРИ МИЛИЈАРДИ ЕВРАОткако првата вакцина беше одобрена на крајот на 2020, ЕУ колективно купи 1,5 милијарди дози (Фото: СДК.МК)

    Членките на Европската Унија фрлиле 215 милиони дози вакцини против ковид-19 купени на врвот на пандемијата, што даночните обврзници ги чинело четири милијарди евра и се верува дека ова не се реалните бројки.

    Откако првата вакцина против коронавирусот беше одобрена на крајот на 2020, Европската Унија колективно купи 1,5 милијарди дози, повеќе од три за секој жител на континентот и многу од нив завршиле на депонии. Пресметките засновани на достапните податоци покажуваат дека членките на ЕУ фрлиле во просек по 0,7 дози за секој член на нивното население. На врвот на листата е Естонија, која уништила повеќе од една доза за жител, следена од Германија.

    Не е лесно да се утврди точно колку вакцини се фрлени зашто владите не се расположени да ги откријат овие бројки.

    Политико“ процени дека вредноста на фрлените 215 милиони вакцини изнесува над четири милијарди евра, имајќи ги предвид нивните цени објавени во медиумите. Најголем дел од вакцините биле купени на врвот на пандемијата во 2021, кога САД, ЕУ и Велика Британија се обидуваа да обезбедат ограничен број вакцини. Во тие крајно неизвесни времиња, ЕУ договори купување на 1,1 милијарда дози од „Фајзер“ и „Бионтек“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира