ЕУ ГО ОДЛОЖИ ГЛАСАЊЕТО ЗА ЦЕЛОСНА ЗАБРАНА НА БЕНЗИНСКИТЕ МОТОРИ ПОД ПРИТИСОК НА ГЕРМАНИЈА

    ЕУ ГО ОДЛОЖИ ГЛАСАЊЕТО ЗА ЦЕЛОСНА ЗАБРАНА НА БЕНЗИНСКИТЕ МОТОРИ ПОД ПРИТИСОК НА ГЕРМАНИЈАГерманскиот министер за сообраќај Фолкер Висинг оваа недела се закани со вето ако забраната не ги изземе моторите кои место фосилни горива согоруваат неутрални синтетички горива. - Фабрика за автомобили во Германија (Фото: ДПА)

    Европската комисија под притисок на Германија го одложи гласањето за општа забрана за регистрација на нови автомобили на мотори со внатрешно согорување од 2035 година. Одлуката за одложувањето ја соопшти вчера Шведска, актуелниот претседавач со Европската унија.

    Членките на ЕУ во октомври договорија забрана за пуштање во сообраќај на нови автомобили кои испуштаат стакленички гасови.

    Германскиот министер за сообраќај Фолкер Висинг оваа недела се закани со вето ако забраната не ги изземе моторите кои место фосилни горива согоруваат неутрални синтетички горива. Тој го услови гласот на Берлин со предлог кој остава отворена врата за такви горива, а со тоа и автомобили со класични мотори.

    За усвојување на документот, потребна е поддршка од 15 од 27-те земји членки на ЕУ со најмалку 65 отсто од вкупното население. На актуелниот предлог се противат Италија, Полска и Бугарија, така што без гласот на Германија, предлогот не може да помине.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира