ЕУ ЈА ОДОБРИ КОВИД ВАКЦИНАТА НА „ФАЈЗЕР“ ЗА ДЕЦАТА ОД 12 ДО 15 ГОДИНИ

    ЕУ ЈА ОДОБРИ КОВИД ВАКЦИНАТА НА „ФАЈЗЕР“ ЗА ДЕЦАТА ОД 12 ДО 15 ГОДИНИДецата од 12 до 15 години исто така ќе примаат две дози, со временско растојание од најмалку три недели (Фото: Ројтерс)

    Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри употребата на ковид вакцината на „Фајзер/Бионтек“ за децата од 12 до 15 години, прва за оваа возрасна група во Европската Унија. Ова следува откако Светската здравствена организација предупреди дека пандемијата нема да заврши сè додека не биде вакцинирано најмалку 70% од популацијата.

    Вакцината на „Фајзер“ досега им се даваше на лицата од 16 и повеќе години. Секоја членка на Унијата сама ќе се изјасни дали ќе ја понуди вакцината на децата.

    „Децата од 12 до 15 години треба да примат две дози, со временско растојание од најмалку три недели“, изјави шефот на одделот за вакцини во ЕМА, Марко Кавалери.

    Германските власти кажаа дека вакцинирањето на децата постари од 12 години ќе почне на 7 јуни. Ангела Меркел изјави дека вакцинирањето нема да биде задолжително.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира