ЕУ ЌЕ ГИ ЗАМРЗНЕ ЕВРОПСКИТЕ СРЕДСТВА НА ПУТИН И ЛАВРОВ

    ЕУ ЌЕ ГИ ЗАМРЗНЕ ЕВРОПСКИТЕ СРЕДСТВА НА ПУТИН И ЛАВРОВНа Путин и Лавров нема да им се забрани да патуваат (Фото: АП)

    Европската Унија ќе ги замрзне европските средства на рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров како дел од третата рунда санкции против Русија, пренесе „Фајненшл тајмс“.

    Министрите за надворешни работи треба да го одобрат новиот пакет санкции попладнево, заедно со бројни мерки против руски банки и индустрија.

    На Путин и Лавров истовремено нема да им се забрани да патуваат, за да се остави можноста за дипломатија отворена.

    „Дејствуваме најбрзо што можеме“, изјави еден европски дипломат, додавајќи дека цел на санкциите би можеле да бидат и бројни олигарси.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира