ЕУ ПЛАНИРА ДА ОДОБРИ ТРИ ЛЕКА ПРОТИВ КОВИД-19 ДО ОКТОМВРИ КОИ ЌЕ ГО СМЕНАТ КУРСОТ НА ПАНДЕМИЈАТА

    ЕУ ПЛАНИРА ДА ОДОБРИ ТРИ ЛЕКА ПРОТИВ КОВИД-19 ДО ОКТОМВРИ КОИ ЌЕ ГО СМЕНАТ КУРСОТ НА ПАНДЕМИЈАТАЦелта е да се намалат хоспитализациите и да се спречуваат долготрајните ефекти на ковид-19, вели еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес (Фото: АФП)

    Три лека против ковид-19 со потенцијал да го сменат курсот на пандемијата ќе почнат масовно да се произведуваат и користат во Европската Унија од октомври, според планот што го претстави Европската комисија.

    Еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес изјави дека тоа ќе ги намали хоспитализациите и ќе ги спречува долготрајните ефекти на ковид-19, откако сега едно во десет лица имаат симптоми и 12 недели по заразата.

    Во клиничките тестирања во прв момент ќе бидат вложени 90 милиони евра, а 40 милиони ќе добијат компаниите за да го забрзаат производството. Европската комисија се надева дека уште два лека ќе бидат додадени на оваа листа до крајот на годината.

    Петте лека во кои ќе се вложат средства се избрани од листата на 57 кандидати на Европската агенција за лекови (ЕМА) и целосно ќе се произведуваат во рамките на Унијата.

    „Идејата е да имаме европско производство. Ќе резервираме фабрики за да покажеме дека можеме да го забрзаме производството ако има потреба од тоа. Овие лекови ќе помагаат да се спасат животи и да се забрза заздравувањето и ќе имаат многу важна улога во нашиот одговор на ковид-19“, изјави Киријакидес.

    Моментално, ЕМА врши анализа на три лека: „реџенерон“, „селтрион“ и терапија со моноклонални антитела на компанијата „Ели Лили“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира