Бранот сајбернапади што погоди големи супермаркети во најмалку 10 европски земји ги натера претставниците на Европската Унија да предупредат на намерен обид за нарушување на синџирот на снабдување со храна.
Супермаркетите пријавија проблеми во Белгија, Естонија, Финска, Ирска, Италија, Луксембург, Холандија, Португалија, Германија и Шведска, а значителниот пораст на температурата во коморите за замрзнување ги принуди трговците да ја фрлат храната. Според извештаите, температурите во маркетите се искачиле дури до 50 Целзиусови степени.
Сè уште никој нема преземено одговорност за овие сајбернапади.
Европската Унија изрази загриженост во врска со нападите, кои се случија три недели откако на ваков начин беше попречена работата на 700 француски продавници за прехранбени производи, предизвикувајќи загуби на храна проценети на десетици милиони евра.
Портпаролот на Европската комисија, Томас Рењие, не сакаше да обвини никого, но изјави:
„Овие инциденти уште еднаш покажуваат како сајбернападите можат да ги нарушат клучните услуги и да влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните. Ова не се изолирани инциденти и, се разбира, мораме колективно да бидеме отпорни и подготвени за вакви сајберинциденти“.



