ЕУ ВЕЌЕ НЕ САКА ДА ИМ ГАРАНТИРА ЧЛЕНСТВО НА ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН, ПОКАЖУВА ДОКУМЕНТ ДО КОЈ ДОЈДЕ РОЈТЕРС

    ЕУ ВЕЌЕ НЕ САКА ДА ИМ ГАРАНТИРА ЧЛЕНСТВО НА ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН, ПОКАЖУВА ДОКУМЕНТ ДО КОЈ ДОЈДЕ РОЈТЕРСДанска, Холандија и Франција не самаат да ја потвтрорат истата грешка како со Бугарија и Романија - менување на лепенка на зградата на ЕУ во Скопје (Фото: Ѓ. Личовски)

    Европската Унија веќе не сака да им гарантира идно членство на шесте земји од Западен Балкан, на кои своевремено им ветуваше место во блокот, стои во интерен извештај, што го потврдија и четворица дипломати.

    Застојот околу декларацијата за самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан, што ќе се одржи на 6 октомври во Словенија е ново дно во стратегијата на Брисел да ги внесе Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија, Косово и БиХ во блокот.

    „На претстојниот самит во Словенија, Европската Унија планираше да го повтори ветувањето од пред 18 години дека ќе даде недвосмислена поддршка за европската перспектива на земјите од Западен Балкан“, стои во нацрт-декларацијата на самитот, во кој агенцијата „Ројтерс“ имаше увид.

    Членките на ЕУ не сакаат да ги откријат своите ставови, но богати држави како Данска, Холандија и Франција не сакаат да се повтори ситуацијата како со избрзаниот прием на Романија и Бугарија во 2007 година, што беше проследено со лошо координираната миграција на источноевропските работници во Британија.

    Бугарија е против приемот на Македонија поради спорот околу јазикот и историјата, а претходно, Франција и Холандија привремено го запреа процесот на проширување.

    „ЕУ индиректно ги влошува тензиите во регионот кој сонува за влез во Унијата уште од крвавите војни во 1990-ите“, вели еден дипломат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира