ЕВРОКОМЕСАРОТ ЗА ТРГОВИЈА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОТКАКО ГИ ПРЕКРШИЛ КОРОНАМЕРКИТЕ ВЕЧЕРАЈЌИ СО 80 ЛУЃЕ

    ЕВРОКОМЕСАРОТ ЗА ТРГОВИЈА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОТКАКО ГИ ПРЕКРШИЛ КОРОНАМЕРКИТЕ ВЕЧЕРАЈЌИ СО 80 ЛУЃЕХоган беше критикуван што не се ставил во изолација по враќањето од Ирска во Брисел (Фото: Ројтерс)

    Еврокомесарот за трговија Фил Хоган поднесе оставка откако ирската влада го обвини за прекршување на мерките за заштита од коронавирусот.

    Тој се најде под притисок откако на 19 август бил на вечера во голф клуб на која присуствувале повеќе од 80 луѓе, со што била прекршена забраната за одржување масовни собири. Тој исто така потоа не се ставил во изолација по враќањето од Ирска во Брисел. Од исти причини оставка поднесе и ирската министерка за земјоделство.

    Хоган кажа дека не прекршил закон, но дека можел повеќе да се придржува до коронамерките.

    „Жалам ако моето патување во Ирска предизвикало толкави загриженост, непријатност и вознемиреност. Му се извинувам на ирскиот народ за грешките што сум ги направил при мојата посета“, изјави Хоган.

    Тој тврди дека не бил принуден на оставка од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, туку дека самиот донесол таква одлука.

     

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира