ЕВРОПА Е ПРЕД ВОЈНА, А НЕ Е ПОДГОТВЕНА, ВЕЛИ ПОЛСКИОТ ПРЕМИЕР ТУСК

    ЕВРОПА Е ПРЕД ВОЈНА, А НЕ Е ПОДГОТВЕНА, ВЕЛИ ПОЛСКИОТ ПРЕМИЕР ТУСКТуск (десно) вели дека следните две години од војната ќе решат сѐ (Фото: ЕПА)

    Полскиот премиер Доналд Туск предупреди дека Европа е во предвоена состојба и ако Русија ја порази Украина, никој во Европа нема да биде безбеден.

    Не сакам никого да плашам, но војна веќе не е концепт од минатото. Таа е реална и почна пред две години“, изјави Туск.

    Русија ги засили бомбардирањата на Украина во изминатите недели. Украина кажа дека ноќеска соборила 58 дронови и 26 проектили и дека била погодена енергетска инфраструктура во шест региони.

    Туск кажа дека Владимир Путин веќе ја обвини Украина за џихадистичкиот напад во концертната сала близу Москва без докази и „очигледно сака да ги оправда засилените напади врз цивилни цели во Украина“.

    Тој ги повика европските лидери повеќе да вложуваат во одбраната и да ја зголемат помошта за Украина.

    Следните две години од војната ќе решат сѐ. Живееме во најкритичниот момент од крајот на Втората светска војна. Она што е најзагрижувачки е дека секое сценарио е можно, а Европа не е подготвена“, кажа Туск.

    Путин оваа недела изјави дека Русија не планира да нападне ниедна членка на НАТО, па така ни Полска, но предупреди дека ако западот ѝ даде борбени авиони „Ф-16“ на Украина, тие ќе бидат легитимна мета без разлика каде се наоѓаат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира