ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЈА ОПРАВДА УПОТРЕБАТА НА СИЛА ВО КАТАЛОНИЈА

    ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЈА ОПРАВДА УПОТРЕБАТА НА СИЛА ВО КАТАЛОНИЈАКаталонската влада прогласена за неодговорна затоа што ја дели Шпанија (Фото: ЕПА)

    Европската комисија целосно застана на страната на Шпанија во поглед на неделниот референдум за независност на Каталонија, заклучувајќи дека соодветната употреба на сила била оправдана, за да се заштити владеењето на правото.

    На вонредната седница на Комисијата, нејзиниот потпретседател Франс Тимерманс жестоко ја нападна каталонската влада што инсистирала референдумот да се одржи, бидејќи тоа било очигледно кршење на уставот, а со тоа биле загрозени и законите на Европската Унија.

    „Ние ги обликувавме нашите демократски општества според три принципи: демократија, владеење на правото и човекови права. Тоа се три столба, кои не можат еден без друг. Регионалната власт на Каталонија одлучи да го игнорира законот кога го организираше референдумот во неделата“, изјави Тимерманс.

    Тој ја бранеше и употребата на полициската сила.

    „Да бидам јасен, насилството не ги решава политичките проблеми, тоа никогаш не е одговор или солуција. Сепак, должност на секоја влада е да го спроведува законот, а тоа понекогаш бара соодветна употреба на сила“, додаде Холанѓанецот.

    И други европски парламентарци ја нарекоа каталонската влада неодговорна и ја повикаа да не прогласува независност еднострано, „зашто тоа би можело да доведе до ескалација на ситуацијата“.

    „Неодговорно е што каталонската влада ја дели Шпанија. Европска Унија нема намера да се меша, затоа што ова е внатрешно прашање на Шпанија“, изјави Манфред Вебер, близок соработник на Ангела Меркел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира