Европската Унија донесе одлука да ги затвори своите граници на 30 дена среде пандемијата на коронавирусот. Мерката ќе се примени на 26-те земји членки на Унијата, како и на Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија. Жителите на Велика Британија нема да бидат погодени со одлуката.
Забраната за влез на лица кои не се државјани на Европска Унија беше донесена откако драстично порасна бројката починати во Италија и Шпанија, а Франција исто така прогласи национален карантин. Таа нема да се однесува на долготрајни жители, дипломати, членови на семејствата на државјани на ЕУ, здравствени работници и на оние кои ја преминуваат границата поради работа. И превозот на стоки и натаму ќе се одвива без ограничувања.
Слободното патување е еден од основните принципи на Шенген зоната, но во изминатите денови голем број држави делумно или целосно ги затворија своите граници на одредено време.
Одлуката за затворање на границата беше донесена на видеосамитот на лидерите на Унијата, што се одржа попладнево.