ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ УСВОИ РЕЗОЛУЦИЈА СО КОЈА СЕ БАРА МЕЃУНАРОДНА ИСТРАГА ЗА ИЗБОРИТЕ ВО СРБИЈА

    ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ УСВОИ РЕЗОЛУЦИЈА СО КОЈА СЕ БАРА МЕЃУНАРОДНА ИСТРАГА ЗА ИЗБОРИТЕ ВО СРБИЈАСо резолуцијата се препорачува и замрзнување на европските пари наменети за Србија (Фото: Н1)

    Европскиот парламент усвои резолуција со која се повикува да се спроведе независна меѓународна истрага за нерегуларностите на декемвриските парламентарни, покраински и локални избори во Србија, со посебен акцент на изборите во Белград. Резолуцијата ја поддржаа 461 европратеник, а 53 беа против, меѓу кои беше и специјалниот известувач за Србија, Владимир Билчик.

    Српската опозиција го поздрави изгласувањето на резолуцијата.

    Во резолуцијата за ситуацијата во Србија по изборите, Европскиот парламент ја повика Европската комисија веднаш да почне со ревизија на средствата што ѝ се даваат на Србија и да ја суспендира финансиската помош за Србија ако српските власти не се подготвени да ги применат клучните препораки во врска со изборите или ако меѓународната истрага покаже дека тие биле вмешани во изборна измама.

    Европскиот парламент кажа дека поддржува итно испраќање ад хок мисија за утврдување на фактите во Србија. Во тој поглед, во резолуцијата се спомнува и Извештајот на Прибе, чиј тим посредуваше во решавањето на политичката криза во Македонија во 2015 и притоа состави извештај за системските проблеми за владеењето на правото во земјата. Таков извештај беше составен и за БиХ во 2019.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира