ЕВРОПСКИТЕ РЕГУЛАТОРИ ЈА ОДОБРИЈА И ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 НА „МОДЕРНА“

    ЕВРОПСКИТЕ РЕГУЛАТОРИ ЈА ОДОБРИЈА И ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 НА „МОДЕРНА“Се очекува и Европската комисија експресно да даде зелено светло за вакцината на „Модерна“ (Фото: АП)

    Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри употребата на вакцината против ковид-19 развиена од американската компанија „Модерна“. За да почне да се користи во земјите од ЕУ, таа треба да добие одобрение и од Европската комисија, што треба да биде формалност. Одлуката на Европската комисија се очекува во текот на денот.

    Во земјите од ЕУ веќе почна имунизацијата со вакцината на „Фајзер/Бионтек“, која беше одобрена на 21 декември. Сепак, ЕУ доста заостанува во програмата на вакцинирање во однос на некои други држави, како Велика Британија, САД и Израел.

    „Вакцината на ‘Модерна‘ ќе ни обезбеди уште една алатка за надминување на актуелната вонредна состојба“, изјави извршниот директор на ЕМА, Емир Кук.

    Оваа вакцина е веќе одобрена во САД, Канада и Израел

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира