Европските регулатори ја препорачаа употребата на вакцината против ковид-19 на „Фајзер“ и „Бионтек“ во 27-те земји-членки на Европската Унија. Таа веќе почна да се дава во Велика Британија, САД и Канада.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека вакцината и формално ќе биде одобрена вечерва, а почетокот на дистрибуцијата на првите дози се очекува најрано в недела.
Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека вакцината покажала ефективност од 95% и дека може да ја примаат лицата од 16 и повеќе години.
„Денешните позитивни вести се важен чекор во нашата борба против пандемијата, која досега предизвика премногу страдања и тешкотии. Ги уверуваме жителите на Европската Унија дека вакцината е безбедна и ефективна и дека ги исполнува неопходните стандарди за квалитет“, изјави директорот на ЕМА, Емир Кук.
ЕУ нарача 300 милиони дози од вакцината на „Фајзер“, доволно за вакцинирање на 150 милиони луѓе.