Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе даде одобрување за првата вакцина против ковид-19 на 23 декември, кажаа од германската влада, што ќе им овозможи на земјите од Европската Унија да фатат приклучок со Велика Британија и САД, каде што веќе почнаа програмите за масовна имунизација.
„Да, очекуваме ЕМА да донесе позитивна одлука за вакцината на ‘Фајзер‘ и ‘Бионтек‘ на 23 декември“, изјави извор од германската влада.
Министерот за здравство на Германија, Јенс Шпан, исто така смета дека Европската Унија ќе одобри вакцина против ковид-19 пред Божиќ, со цел вакцинирањето да почне до крајот на годината.
ЕМА претходно најави дека планира да даде одобрение за вакцината на „Фајзер“ на 29 декември, а за онаа на „Модерна“ во средина на јануари. Вакцината на „Фајзер“ веќе почна да се користи во Велика Британија, САД и Канада.