„ФАЈЗЕР“ И „БИОНТЕК“ ПОТВРДИЈА ДЕКА ВО ХАКЕРСКИ НАПАД СЕ УКРАДЕНИ ПОДАТОЦИ ЗА НИВНАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19

    „ФАЈЗЕР“ И „БИОНТЕК“ ПОТВРДИЈА ДЕКА ВО ХАКЕРСКИ НАПАД СЕ УКРАДЕНИ ПОДАТОЦИ ЗА НИВНАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19Целта на нападот била Европската агенција за лекови, која ја разгледува вакцината на двете компании (Фото: Ројтерс)

    „Фајзер“ и „Бионтек“ потврдија дека имало незаконски пристап до документите кои се однесуваат на развојот на нивната вакцина против ковид-19. Целта на хакерскиот напад била Европската агенција за лекови (ЕМА), која моментално ја разгледува оваа вакцина, пред да даде одобрување за нејзина употреба во Европска Унија. Таа го потврди нападот, но не даде други детали.

    „ЕМА нѐ информираше дека агенцијата била цел на сајбернапад и дека бил направен упад во документите поврзани со вакцината против ковид-19. Веруваме дека личните податоци на учесниците во тестирањата не се компромитирани“, соопштија двете фармацевтски компании.

    Засега е нејасно кога и како се случил нападот, кој го извел и кои податоци се загрозени. Експертите велат дека овие податоци би биле од голема важност за други земји и компании кои се обидуваат да развијат вакцина против ковид-19.

    ЕМА планира да даде мислење за вакцината на 29 декември, но тоа би можело да се промени.

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира