„ФАЈЗЕР“ ЈА ЗАПРЕ ИСПОРАКАТА НА КОВИД ВАКЦИНИ ВО ИЗРАЕЛ ОТКАКО 2,5 МИЛИОНИ ДОЗИ НЕ БИЛЕ ПЛАТЕНИ

    „ФАЈЗЕР“ ЈА ЗАПРЕ ИСПОРАКАТА НА КОВИД ВАКЦИНИ ВО ИЗРАЕЛ ОТКАКО 2,5 МИЛИОНИ ДОЗИ НЕ БИЛЕ ПЛАТЕНИПремиерот Нетанјаху ао пратка на „Фајзер/Бионтек“ на аеродромот „Бен-Гурион“ (Фото: Ројтерс)

    „Фајзер“ ги прекинал испораките на вакцините против ковид-19 во Израел, откако земјата не ги платила последните 2,5 милиони дози. Официјални лица од компанијата кажаа дека се загрижени дека владата, која е во фаза на транзиција, нема да плати, додавајќи дека е неразбирливо такво нешто да се случи во организирана држава.

    Армиското радио објави дека „Фајзер“ го нарекол Израел „банана република“.

    Околу 700.000 дози на „Фајзер/Бионтек“ требаше да пристигнат во Израел в недела, но тоа било стопирано на неодредено време. „Фајзер“ им кажа на израелските медиуми дека ги испочитувал сите испораки договорени во ноември 2020.

    „Компанијата преговара со израелската влада за обновување на договорот“, соопшти „Фајзер“.

    Израел ги платил првите 10 милиони дози, по што премиерот Нетанјаху и извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, договорија дополнително количество. Сепак, владата никогаш не ги платила последните 2,5 милиони дози, јавуваат израелските медиуми.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира