„ФАЈЗЕР“ ЌЕ ПОБАРА ОДОБРУВАЊЕ ЗА СВОЈАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 ОТКАКО ПОКАЖАЛА ЕФЕКТИВНОСТ ОД 95%

    „ФАЈЗЕР“ ЌЕ ПОБАРА ОДОБРУВАЊЕ ЗА СВОЈАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 ОТКАКО ПОКАЖАЛА ЕФЕКТИВНОСТ ОД 95%„Фајзер“ вели дека не се утврдени сериозни споредни ефекти и дека вакцината функционира и кај стари лица (Фото: АП)

    Вакцината на „Фајзер“ нуди 95-процентна заштита од ковид-19 и ги има поминато сите безбедносни проверки, велат завршните податоци од тестирањето што ги објави оваа американска фармацевтска компанија. Ова следува десетина дена откако „Фајзер“ објави дека неговата вакцина, што ја развива заедно со германската компанија „БиоНТек“, е 90-процентно ефективна.

    „Фајзер“ кажа дека во наредните денови ќе побара одобрување од американските регулатори за користење на вакцината.

    „Првичните резултати се базираа на првите 94 волонтери кои развиле симптоми на ковид-19, но дополнителните податоци објавени денеска се засновани на првите 170 случаи на коронавирус во клиничките тестирања. Вакцината досега е тестирана на повеќе од 43.500 луѓе во шест држави и не се забележани никакви безбедносни грижи“, кажаа од компанијата.

    Оттаму појаснуваат дека не се утврдени сериозни споредни ефекти и дека вакцината функционира и кај стари лица, кои важат за една од најризичните категории во пандемијата.

    И американската компанија „Модерна“ пред неколку дена објави дека нејзината вакцина против ковид-19 нуди речиси 95-процентна заштита, додека Оксфорд и „АстраЗенека“ досега немаат излезено со резултати од своето истражување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира