ФБИ ГО ИСТРАЖУВА УПАДОТ ВО ТВИТЕР, ХАКЕРИТЕ СОБРАЛЕ БИТКОИНИ ВО ВРЕДНОСТ ОД 100.000 ДОЛАРИ

    ФБИ ГО ИСТРАЖУВА УПАДОТ ВО ТВИТЕР, ХАКЕРИТЕ СОБРАЛЕ БИТКОИНИ ВО ВРЕДНОСТ ОД 100.000 ДОЛАРИ„Твитер“ објави дека хакерите се обиделе да упаднат во повеќе од 130 профили (Фото: Твитер)

    ФБИ покрена истрага за најголемиот хакерски напад во историјата на Твитер, чија цел беа профилите на познати американски личности и компании, вклучувајќи милијардери и политичари.

    „Профилите биле компромитирани со цел да се спроведе измама со криптовалута“, објави ФБИ и ја повика јавноста да биде будна.

    Меѓу оние кои беа погодени од координираниот напад се Илон Маск, Бил Гејтс, Џеф Безос, Канје Вест, Ким Кардашијан, Барак Обама, Џо Бајден и „Епл“. Белата куќа соопшти дека профилот на Доналд Трамп не бил загрозен.

    „Ако ми пратите 1.000 долари, јас ќе ви вратам 2.000“, стоеше на нивните профили.

    Иако објавите беа избришани за кратко време, се проценува дека измамниците примиле биткоини во вредност од 100.000 долари.

    „Твитер“ објави дека хакерите се обиделе да упаднат во повеќе од 130 профили, но успеале да преземат контрола врз мал дел од нив и да испратат твит.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира