Тринаесет Руси се обвинети за мешање во изборите на САД во 2016, во клучната разврска во истрагата на ФБИ. Тројца од нив се обвинети за заговор за извршување интернент измами, а петмина се обвинети за тешка кражба на идентитет. Соопштението го објави специјалниот советник Роберт Милер, кој ја испитува наводната руска вмешаност во изборите.
Во обвинителниот акт се именуваат и три руски компании. Обвинението вели дека некои од обвинетите користеле компјутерски системи во САД за да го сокријат руското потекло на нивните активности.
„Обвинетите, претставувајќи се како американски лица и создавајќи лажни американски личности, управувале страници на социјалните медиуми и групи дизајнирани да привлечат публика од САД”, се вели во извештајот. „Обвинетите и нивните козаговорници создадоа и контролираа бројни профили на Твитер дизајнирани да изгледаат како да ги контролираат американски личности или групи”. Се вели и дека оние кои биле вклучени, систематски мереле како поминувал нивните интернет објави и ги прилагодувале нивните стратегии за да се зголеми ефикасноста.
Во извештајот се вели и дека именуваните во обвинението почнале да дискутираат како да влијаат на изборите уште во 2014.
„До 2016, обвинетите и нивните козаговорници ги искористија своите фиктивни интернет профили за да се мешаат со претседателските избори во 2016″, се вели во обвинението. „Тие се ангажираа во операции првенствено за да ги пренесат навредливите информации за Хилари Клинтон, да ги деградираат другите кандидати како што се Тед Круз и Марко Рубио и да ги поддржат Берни Сандерс и тогашниот кандидат Доналд Трамп”.