ФЕДЕРАЛЕН СУДИЈА ПРИВРЕМЕНО ЈА ПОНИШТИ НАРЕДБАТА НА ТРАМП СО КОЈА СЕ ЗАБРАНУВА АВТОМАТСКОТО ДРЖАВЈАНСТВО ЗА ДЕЦАТА РОДЕНИ ВО САД

    ФЕДЕРАЛЕН СУДИЈА ПРИВРЕМЕНО ЈА ПОНИШТИ НАРЕДБАТА НА ТРАМП СО КОЈА СЕ ЗАБРАНУВА АВТОМАТСКОТО ДРЖАВЈАНСТВО ЗА ДЕЦАТА РОДЕНИ ВО САДТрамп долго време ветуваше дека ќе ја направи оваа промена (Фото: Гети)

    Федерален судија во Сиетл привремено ја поништи извршната наредба на Доналд Трамп со која се забранува автоматското државјанство за децата на мигранти родени во САД. Судијата Џон Кафенор ја опиша наредбата како „бесрамно неуставна“ и го блокирање нејзиното стапување на сила.

    Според долгогодишното толкување на 14. амандман на американскиот устав, речиси секој кој е роден во САД автоматски добива државјанство. Трамп сака да им го ускрати ова право на новородените деца чии родители се во земјата привремено или илегално. Сојузните држави Вашингтон, Аризона, Илиноис и Орегон, кои се водени од Демократите, претходно побараа наредбата да биде паузирана.

    Каде биле адвокатите кога тимот на Трамп ја составувал извршната наредба? Таа е неуставна“, кажа судијата Кафенор.

    Наредбата ќе биде ставена во мирување 14 дена во очекување на натамошни правни постапки.

    Трамп долго време ветуваше дека ќе ја направи оваа промена. Неговата извршна наредба ги повика владините оддели и агенции да го одбијат доделувањето државјанство на децата на мигрантите кои се нелегално во САД или со привремени визи. Тоа би се однесувало на децата родени од 19 февруари, па натаму.

    Во 2022, во САД биле родени 255.000 деца од недокументирани мајки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира