ФЕЈСБУК РАЗГЛЕДУВА НАЧИНИ ДА СЕ БОРИ СО ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ, ВЕЛИ ЗАКЕРБЕРГ

a:1:{s:9:"td_source";s:52:"ЛосАнџелес,(ВашингтонПост)

    ФЕЈСБУК РАЗГЛЕДУВА НАЧИНИ ДА СЕ БОРИ СО ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ, ВЕЛИ ЗАКЕРБЕРГ

    Една недела откако се обиде да ја увери јавноста дека е екстремно малку веројатно лажните вести да влијаеле на исходот на американските претседателски избори, основачот на Фејсбук Марк Закерберг изнесе план како неговата компанија ќе проба да го запре ширењето на лажни вести на најголемата социјална мрежа во иднина.

    „Работевме на овој проблем долго време и сериозно ја сфаќаме одговорноста. Направивме значителен прогрес, но имаме уште многу работа“, напиша Закерберг на својот профил на Фејсбук.

    Тој потоа спомена неколку пристапи што ги разгледува неговата компанија во врска со проблемот, вклучувајќи обележување на лажните стории, полесни методи за пријавување од страна на корисниците и верификација од трети лица.

    „Проблемот е комплексен, технички и филозофски. Мораме да бидеме внимателни за да не обесхрабриме споделување на мислења или погрешно да ограничиме прецизна содржина“, предупреди тој.

    Грижата на Фејсбук со лажните вести дојде до израз за време на американските претседателски избори, кога критичарите го обвинија Фејсбук дека влијаел на гласачите со тоа што дозволил да се шират дезинформации во корист на Доналд Трамп, кој победи на изборите.  

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира