ФЕЈСБУК РАЗОТКРИЛ ОБИДИ ЗА МЕШАЊЕ ВО НОЕМВРИСКИТЕ ИЗБОРИ ВО САД

    ФЕЈСБУК РАЗОТКРИЛ ОБИДИ ЗА МЕШАЊЕ ВО НОЕМВРИСКИТЕ ИЗБОРИ ВО САДЗасега нема докази дека и зад оваа кампања стои Русија (Фото: АП)

    Фејсбук објави дека отстранил 32 профили и страници за кои верува дека биле поставени за да влијаат врз изборите за американскиот Конгрес, што ќе се одржат во ноември.

    Компанијата кажа дека истрагата е во рана фаза и засега не се знае кој стои зад тие страници.

    „Креаторите добро се потрудиле да го сокријат својот идентитет, за разлика од кампањата поддржана од Русија, која се водеше за време на претседателските избори во 2016 година. Обидите да се спречи мешањето во изборите е како трка во вооружување“, соопшти компанијата.

    Засега биле идентификувани 17 сомнителни профили на Фејсбук, кои креирале повеќе од 9.500 постови и уште седум на Инстаграм. Една од вклучените страници имала повеќе од 290.000 следбеници.

    „Креаторите користеле виртуелни приватни мрежи за да ја сокријат својата локација, како и трети страни да се рекламираат во нивно име. Засега нема докази дека Русија стои зад ова“, објави Фејсбук.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира