ФЕЈСБУК СПРЕЧИ НОВ ОБИД ЗА РУСКО ВЛИЈАНИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО САД

    ФЕЈСБУК СПРЕЧИ НОВ ОБИД ЗА РУСКО ВЛИЈАНИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО САДОвојпат, координираната група на руски профили повеќе ја користи мрежата Инстаграм, која е во сопственост на Фејсбук, и објавува содржини поврзани со американската политика. - Основачот на Фејсбук Марк Закерберг (Фото: Синет)

    Фејсбук соопшти дека отстранил мрежа на руски профили кои се претставувале како локални жители во неколку клучни држави во САД и кои го фалеле претседателот Доналд Трамп, истовремено напаѓајќи го поранешниот потпретседател Џо Бајден.

    Фејсбук вели дека мрежата многу наликува на истата група поддржана од Кремљ, која се мешаше во претседателските избори во 2016 година, кога го поддржуваше Трамп и ја напаѓаше кандидатката на Демократската партија Хилари Клинтон. Новата кампања, според Фејсбук, ја користи истата стратегија.

    Овојпат, координираната група на руски профили повеќе ја користи мрежата Инстаграм, која е во сопственост на Фејсбук, и објавува содржини поврзани со американската политика. Руската операција, велат од Фејсбук, демонстрирала добро познавање на поделбите во Демократската партија, која е среде внатрешни избори за претседателски кандидат за изборите следната година.

    Еден руски профил, претставувајќи се како црн гласач во Мичиген, го напаѓа Бајден за неговите гафови по прашања за расата. Други профили го фалат неговиот противкандидат Берни Сандерс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира