ФЕЈСБУК ЗАБРАНИ ПРОФИЛИ НА ОПАСНИ ПОЕДИНЦИ КОИ ШИРАТ ГОВОР НА ОМРАЗА

    ФЕЈСБУК ЗАБРАНИ ПРОФИЛИ НА ОПАСНИ ПОЕДИНЦИ КОИ ШИРАТ ГОВОР НА ОМРАЗАМеѓу забранетите профили се оние на Мило Јанопулос, Алекс Џонс и на Луис Фаракан (Фото: АФП)

    Фејсбук на својата платформа забрани неколку истакнати профили кои промовираат бел национализам, опишувајќи ги личностите кои стојат зад нив како „опасни поединци“.

    Мрежата ги обвини домаќинот на десничарскиот сајт „Инфоворс“, Алекс Џонс, неговиот уредник за Британија Пол Џозеф Вотсон и поранешниот уредник на „Брејтбарт њуз“ Мило Јанопулос за ширење на говор на омраза.

    Од Фејсбук ќе бидат исклучени и Луис Фаракан, лидерот на групата Исламска нација која често шири антисемитизам и неколку антиисламски групи. Оваа забрана ќе се однесува и на Инстаграм, кој исто така е во сопственост на компанијата Фејсбук.

    „Отсекогаш сме забранувале поединци и организации кои промовираат насилство и омраза или се вклучени во такви активности, без разлика на идеологијата“, објави Фејсбук.

    Меѓу забранетите профили се и оние на белиот расист Пол Нелен и на антиисламската активистика Лора Лумер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира