ФЕЈСБУК ЗАТВОРИЛ СТОТИЦИ СТРАНИЦИ И ПРОФИЛИ ПОВРЗАНИ СО РУСИЈА

    ФЕЈСБУК ЗАТВОРИЛ СТОТИЦИ СТРАНИЦИ И ПРОФИЛИ ПОВРЗАНИ СО РУСИЈАЛуѓето кои стоеле зад мрежите се претставувале како независни извори на вести (Фото: АП)

    Фејсбук објави дека отстранил стотици страници, групи и профили поврзани со Русија, за кои вели дека биле дел од две големи операции на ширење дезинформации, во својот последен обид да се справи со лажни вести.

    Компанијата презела ваква акција откако открила „координирано неавторизирано однесување“ на две мрежи на Фејсбук и Инстаграм. Шефот за сајбербезбедност на Фејсбук Натаниел Глајхер изјави дека една од мрежите дејствувала во Централна и Источна Европа, балтичките земји, централна Азија и во кавкаскиот регион, а другата во Украина. Луѓето кои стоеле зад мрежите се претставувале како независни извори на вести и, меѓу другото, објавувале содржини против НАТО.

    „Не најдовме никакви врски помеѓу овие операции, но тие користеа слична тактика во креирањето мрежи на профили, кои погрешно наведуваа други за тоа кои се и што прават“, кажа Глајхер.

    Тој вели дека една мрежа со 364 страници и профили била поврзана со вработени во „Спутник“, државен руски сајт кој објавува вести на англиски јазик. Во оваа операција биле потрошени 135.000 долари на огласување на Фејсбук.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира