ФЕСТИВАЛОТ ЕГЗИТ ЌЕ ДАДЕ 1.500 КОВИД ВАКЦИНИ ЗА СТРАНСКИ ГОСТИ И 3.000 ВЛЕЗНИЦИ ЗА МЕДИЦИНСКИ ЛИЦА

    ФЕСТИВАЛОТ ЕГЗИТ ЌЕ ДАДЕ 1.500 КОВИД ВАКЦИНИ ЗА СТРАНСКИ ГОСТИ И 3.000 ВЛЕЗНИЦИ ЗА МЕДИЦИНСКИ ЛИЦАФестивалот ќе се одржи од 8 до 11 јули на Петроварадинската тврдина. (Фото: Гети)

    Илјада и петстотини ковид вакцини ќе обезбеди Министерството за здравство на Србија за изведувачите и странските гости на фестивалот Егзит во Нови Сад. Фестивалот ќе се одржи од 8 до 11 јули на Петроварадинската тврдина и ќе биде еден од првите големи европски фестивалски настани ова лето.
    Егзит определи 3.000 влезници за отворањето на Фестивалот на 8 јули кои ќе бидат поделени на медицинските работници.

    Српската премиерка Ана Брнабиќ и Кризниот штаб на Република Србија, најавија дека се надеваат оти на 21 јуни ќе биде дозволено одржување на фестивалите и концертите.

    Егзит и останатите српски фестивали минатиот петок ја почнаа националната кампања за вакцинација, чиј фокус се младите – да го дадат својот придонес кон враќањето на нормалниот живот и да се вакцинираат. Кампањата има две пораки: „Нема повеќе да играм / вртам / свирам сам(а)“ и „Има ли некој подобра идеја“

    „Благодарение на успехот во масовната вакцинација и сѐ подобрата епидемиолошка ситуација, желба ни е за Светскиот ден на музиката 21 јуни да ја отвориме земјата за собири, концерти и фестивали. Со тоа покажуваме грижа за менталното здравје на младите луѓе и на дело ја потврдуваме стратешката определеност кон развој на креативните индустрии. Одржувањето на Егзит фестивалот, со кој Србија се годрее во светот, ќе биде еден од важните симболи на победа над пандемијата“, изјави Брнабиќ.

    Според протоколот за одржување на фестивалите, ќе можат да влезат оние кои се вакцинирани, кои имаат потврда дека прележале ковид-19, кои поседуваат негативен ПЦР или антигенски тест.

    Годинашната листа учесници се состои главно од врвни имиња од електронската сцена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира